Фали Рамадани утре на преговори со Лацио за Маурицио Сари

352

Италијанските медиуми денеска објавија дека Лацио, наводно, утре ќе се сретне со агентот на Маурицио Сари, за да се договорат за преземање на тимот за следната сезона. Сари беше отпуштен од Јувентус пред една година и беше под договор со Старата дама до јуни 2022 година.

Тој беше во преговори со Арсенал, но сега Тотенхем и Лацио се заинтересирани за обезбедување на неговите услуги. И „Скај Спорт Италија“ и „Газета дело Спорт“ известуваат дека „бјанкочелестите“ утре ќе се сретнат со агентот на Сари, Фали Рамадани.

Лацио е подготвен да му понуди на Сари договор од 3 милиони евра годишно, но тоа е половина од неговата сегашна плата во Јувентус. Ако не успеат да се договорат, следен потег на Лотито се преговори со Лука Готи, а потоа и со Андре Виљаш-Боаш.

ПретходноДончиќ неизвесен за вечерашниот четврти меч со ЛА Клиперс
СледноРистовска и ЦСКА „настрадаа“, Ѓер без милост до бронза