Челзи ја освои Лигата на шампионите, откако го доби англиското дерби против Манчестер Сити со 1-0. „Сините“ во својата каса ќе добијат дополнителни финансиски средства како победници.
Иако овој клуб не зависи само од овие пари, сепак истите сигурно ќе бидат добредојдени. За остварените резултати за време на турнирот, Челзи доби 82,35 милиони евра и дополнителни 24,2 во поредокот на коефициенти. Вкупно во касата на овој клуб ќе влезат повеќе од 106 милиони евра.
Оваа сума не е за фрлање, но е далеку помала од онаа која ја нудеше Суперлигата која згасна за два дена. Истата беше основана од 12 тима меѓу кои и Челзи. Планот беше сите екипи да поделат по 3,5 милиони евра, а додека победникот на крајот да добие 400 милиони евра..
Баерн Минхен минатата година за освојување на Лигата на шампиони зема преку 117,95 милиони евра.
УЕФА работи на зголемување на буџетот, особено по појавувањето на идејата за Суперлига.
Парите од сезона во сезона треба да растат, а победниците на турнирите да освојат повеќе од 100 милиони евра, што пак не беше случај пред неколку години.
Реал Мадрид во 2014 годин како првак на ЛШ доби 57,4 милиони евра, па потоа доби 88,6 милиони евра, Ливерпул подоцна зема 111 милиони евра, додека Баерн лани инсксира 118.