Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака е отворен за преговори со Рома за трансфер на „Олимпико“ во текот на летото. Медиумите соопштуваат дека е во плановите на Жозе Мурињо, но…
„Имам уште две години од договорот со Арсенал. Но отворен сум за преговори со Рома. Засега тоа се шпекулации, не сум се чул со Мурињо, но интересот ми годи. Знам за што е способен Жозе. Тој знае како да се освојуваат титули“, изјави Џака за „Блик“.
Што е однесува до Рома, најнова вест е и заминувањето на голманот Антонио Миранте. Раководството не му понуди продолжување на договорот.
А и Гонзало Виљар покажа желба да остане на „Олимпико“ и да работи со Мурињо. Шпанецот е задоволен од тоа што Рома го назначи Мурињо и очекува наредната сезона тимот да се бори за врвот.