И на врнежливо и студено време „рисовите“ тренираат со полна пареа (видео)

1421

Македонската фудбалска репрезентација го одработи денешниот тренинг на теренот на ФФМ. Иако денеска временските услови не се поволни, сепак, планот мора да се следи и да се увежбуваат некои варијанти кои би требало да бидат корисни за настапите на ЕП 2020. Засега недостасува само голманот Столе Димитриевски кој утре доаѓа во Скопје и ќе им се приклучи на соиграчите. Енис Барди е во карантин откако е позитивен на коронавирусот, неговата состојба е добра и се очекува наскоро да им се приклучи на колегите.

Да потсетиме, во вторник Македонија ќе одигра пријателски натпревар со Словенија на „Арената“ во Скопје.

ПретходноАнри се врати во стручниот штаб на Белгија за ЕП 2020
СледноПознати финалистите во пингпонгарскиот плеј-оф за титулата