Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро е победник на денешната шестата трка од Мото ГП шампионатот, Големата награда на Италија. Младиот Французин за првпат во својата кариера славеше на патеката „Муџело“, каде стигна до третата победа оваа сезона.
Најблиску до Квартараро во финишот беше Мигел Оливеира на КТМ, со две и пол секунди заостанување, но првично беше преместен на третата позиција поради излегување од патеката во последниот круг. Така, бранителот на титулата, Жоан Мир, стигна до второто место со моторот на Сузуки, но подоцна бидејќи беше утврдено дека Шпанецот го сторил истото, тие беа вратени на позициите што ги имаа претходно.
Благодарение на победата, Квартараро ја зголеми предноста на врвот во генералниот пласман со 105 бода, 24 повеќе од Зарко.
Check out the full results from Mugello 👇@FabioQ20 takes his third victory of 2021 ahead of @_moliveira88 and @JoanMirOfficial@oakley | #ItalianGP 🇮🇹 pic.twitter.com/n3p2wQSsGU
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) May 30, 2021