Милан изгуби нерви со Чалханоглу, може да си оди уште утре!

817

Милан веќе нема нерви да го чека турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу да одговори на нивната последна понуда з апродолжување на соработката. Како што пренесуваат италијанските медиуми, „росонерите“ најавиле дека нема да прифатат никави уцени, а Чалханоглу може да си замине.

Милан веќе некое време му доставија понуда на турскиот репрезентативец во вредност од четири милиони евра по сезона, но тој одбива да ја прифати и да потпише нов договор. Со оглед на тоа што Милан нема намера веќе да го чека Турчинот, почнал преговори со Родриго Де Пол од Удинезе, за кој интерес има и од шпанскиот првак Атлетико (М).

ПретходноТрагична вест од Муџело: Почина швајцарскиот мотоциклист кој вчера имаше несреќа во Мото3
СледноИнтер го „врза“ Бастони до 2024 година