Новиот договор е само формалност: Треба да проверам, можеби го имам!

418

Кога Томас Тухел дојде на клупата на Челзи на местото на Лампард потпиша договор до 2022 година. Во овие четири месеци покажа дека е полн погодок, а по својувањето на ЛШ, продолжувањето на соработката со премиерлигашот стана само формалност.

„Не сум сигурен, но можеби сега имам нов договор. Менаџерот нешто ми спомнуваше, но не знам, морам да проверам“, изјави Тухел по финалето.

Првиот разговор со Роман Абрамович за иднината го направи по финалето.

“Тоа беше најдобриот и најлошиот можен момент за прв состанок. Ќе разговараме повторно, се радувам на тоа. Верувам дека ќе останам гладен за трофеи и среќен сум што сум дел од овој амбициозен тим. Челзи е во согласност со моите старсти за фудбал“, објасни Тухел.

ФОТО: twitter/ChampionsLeague

ПретходноЧелзи добро заработи од ЛШ, но Суперлигата нудеше многу повеќе пари
СледноИслами по рекордот: Пресреќна сум, мојата цел е да бидам прва на Европско!