Прилеп го искористи киксот на КЛ7, Тиквеш не го дава врвот

268

Со минута молчење започна претпоследното коло во плеј-аут лигата во чест на Никола Даниловски, чиј живот згасна на 24 години.

Прилеп направи нов голем чекор кон опстанокот во Супер-лигата, го совлада Младост на гостински терен со 33-37 и му избега на Голден Арт КЛ7 со три бода на едно коло до крајот.

Ова беше девета победа за избраниците на Горан Кузманоски, а до неа дојдоа без мака, веќе во првото полувреме имаа предност од 12-21, па до крај им остана рутински да го завршат овој меч. Рустамов со 10 гола и Чанутира со 8 го предводеа составот на Прилеп, Димитров со 9 погодоци беше најефикасен кај домашниот состав.

И Тиквеш заврши добра работа и може да се каже дека и следната сезона ќе биде дел од Супер-лигата, на домашен терен беше подобар од Работнички со 25-18. Кавадарчани имаат 28 бода, еден повеќе од прилепчани кои имаат 27. Во последното коло од плеј-аутот силите ќе ги одмерат токму овие два тима.

КЛ7 не успеа да го задржи ритамот на домашен терен беше совладан од Радовиш со 23-24, сега Радовиш е на третото место на табелата со 25 бода, еден повеќе од Голден Арт, па дефинитивно во последното коло и тоа како ќе биде интересн, бидејќи и Радовиш влезе во игра за второто место на табелата.

На последната средба Астраион загуби од Јуниор К.В со 16-25 во рамките на 13. коло.

ПретходноНант остана прволигаш
СледноБензема: Бев многу разочаран, но верував во кам-бек во репрезентацијата