Ѓер ја освои утешната бронза на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите, откако убедливо го совлада составот на ЦСКА Москва со 32-21 за кого настапува македонската репрезентативка, Сара Ристовска.
Ракометарките на унгарската екипа сиот бес го насочија токму во битката за третото место, одиграа моќно, не се штедеа на крајот славеа со . ЦСКА Москва немаше сили за темпото на противникот, особено во првото полувреме во кое постигна само осум гола, наспроти 19-те на противникот.
Ристовска средбата ја заврши со три гола од четири обиди, својата шанса за медал со ЦСКА ќе ја бараат следната сезона.