Трагична вест од Муџело: Почина швајцарскиот мотоциклист кој вчера имаше несреќа во Мото3

316

Младиот швајцарски мотоциклист Џејсон Дупаскjе почина како резултат на повредите кои ги доби за време на квалификациите вчера на трката за Големата награда на Италија во Мото3.

Во вториот дел од квалификациите на патеката „Муџело“, Дупаскje беше учесник во сериозна несреќа во која учествуваа и Ајума Сасаки и Жереми Алкоба.

На Швајцарецот прво му беше укажана помош на самата патека, а потоа со хеликоптер беше префрлен во болница во Фиренца, каде што беше опериран во текот на ноќта, но им подлегна на повредите утрово. За нешто повеќе од еден месец, на 9 јули, тој требаше да наполни 20 години.

ПретходноБез размислување: Челзи подготви нов договор за Канте
СледноМилан изгуби нерви со Чалханоглу, може да си оди уште утре!