0
Екипата на Баскет КАМ има сезона за паметење, во женскиот шампионат доминираше, ги освои Купот на Македонија и титулата. Тимот од Македонска Каменица може да направи чекор напред во она што го гради, доби покана за учество во европската WABA лига. Прифаќањето на поканата ќе биде голем плус за македонската женска кошарка која долго време се дави на дното.
Сите девојки ќе добијат шанса да играат рамо до рамо со тимови од Словенија, Хрватска, Србија, Унгарија, Црна Гора, Бугарија, Турција, Романија, од оваа година повторно и Италија.