Ангелче Тимовски многу веројатно ќе биде првото засилување за актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија.
Офанзивниот бек, го одигра своето во Силекс, затоа што тимот одсега ќе биде вотролигаш, а екс Македонскиот младински репрезентативец е квалитет за најдобрите екипи во нашата лига.
Па така, Спортмедиа дознава дека Тимовски и Шкендија се веќе на интензивна комуникација, и прашање на време е само кога ќе падне конечниот договор.
Шкендија е нашиот престатвник во квалификациите за Лигата на Шампионите ова лето, и засилувањата се приоритет.