Серхио Агуеро за десет години минати во Манчестер Сити постигна 260 гола. Аргентинецот е еден од најдобрите странци во историјата на Премиер-лигата.
Сепак во последниот настап за Сити не успеа да го постигна најважниот погодок во кариерата, а тоа е против Челзи во финалето на ЛШ.
Дибро е познато дека од следната сезона ќе го гледаме во дресот на каталонскиот гигант. Агуеро веќе е во Барселона, со која треба да потпише двегодишен договор.
Аргентинскиот фудбалер денеска треба да ги мине лекарските прегледи, според тамошните медиуми во овој тим ќе остане до 2023 година и ќе заработува пет милиони евра годинишно.
Одличниот напаѓач веднаш по потпишувањето се враќа во аргентина каде ќе и се приклучи на репрезентацијата за Копа Америка и квалификации за СП 2022.