Ангеловски: Барди е добро, а утре ќе одиме на победа

581

Македонската фудбалска репрезентација утре на Арената “Тодор Проески в”о Скопје ќе ја одигра првата пријателска средба во рамките од подготовките за Европското првенство.

Прво што јавноста ја интересираше на денешната официјална прес конференција е состојбата со Енис Барди, кој е позитивен на Ковид-19.

„Енис Барди се чувствува добро, нема симптоми и едвај го чекаме негативниот тест, за да ни се приклучи. Одлично се чувствуваме сите. Македонија до сега била спаринг партнер за подготовки, а сега токму ние сме оние кои одиме на ЕП. Словенија ни е познат противник и утре очекуваме добра контрола“ – вели селекторот Игор Ангеловски, па додава:

„Секако дека како што ние ги следиме, така и противниците не следат нас. Добро ме познавате јас сум долго на оваа функција, па во зависност од она што сметаме дека ќе донесе успех за тоа и ќе се одлучиме кога станува збор за формацијата“, истакнува Ангеловски.

На прашањето дали и колку присутната публика на утрешниот меч по долго време ќе промени во атмосферата во нашиот табор.

„Фудбалот се игра за публика, што се вели дури чувствуваме и позитивна трема. Навивачите да дојдат во што поголем број, и посакувам сите оние кои ни даваа подршка од секаде сега да дојдат на стадион и да им дадат подршка на овие момци затоа што заслужиле“, вели нашиот кормилар.

ПретходноМеталург без право на грешка, Бутел е визата за Европа
СледноРистовски: Едвај чекаме да одиграме пред публика, Македонија секогаш и секаде на триумф