Баскет КАМ доби покана за учество во европската WABA лига

182

Екипата на Баскет КАМ има сезона за паметење, во женскиот шампионат доминираше, ги освои Купот на Македонија и титулата. Тимот од Македонска Каменица може да направи чекор напред во она што го гради, доби покана за учество во европската WABA лига. Прифаќањето на поканата ќе биде голем плус за македонската женска кошарка која долго време се дави на дното.

Сите девојки ќе добијат шанса да играат рамо до рамо со тимови од Словенија, Хрватска, Србија, Унгарија, Црна Гора, Бугарија, Турција, Романија, од оваа година повторно и Италија.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Барса го потврди Кун Агуеро, промоција вечерва од 19 часот!
СледноКОНМЕБОЛ: Бразил е новиот домаќин на Копа Америка 2021!