ЕСПН: Серхио Рамос ќе го засили Манчестер Сити

278

Дали е на повидок трансфер бомба на Островот? Како што пренесува Европската верзија на ЕСПН, капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос, има отворена опција да се пресели во Англија и да потпише двегодишен договор со тимот на Манчестер Сити.

Тој има уште само еден месец договор со Реал Мадрид, преговорите траат веќе неколку месеци, но никако да се најде заеднички јазик. Управата вели едногодишен, Рамос вели двегодишен договор, и тука е проблемот кој очигледно не може да се реши.

Од друга страна пак, Сити очигледно нема таква дилема, па пристапува кон Рамос со отворена понуда. За финансиските детали, барем што се однесува до Сити, нема да има никакви проблеми секако.

 

ПретходноАвтомобил го одведе Кун на Ноу Камп, трансферот e готов денеска (ВИДЕО)
СледноИ официјално: Ќато и Ренова ја продолжија соработката!