ЕУРО У21: Холандија и Шпанија влегоа во полуфинале (видео)

337

Репрезентациите на Холандија и Шпанија се полуфиналисти на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува во Унгарија и Словенија.
Холандија денеска ја елиминира Франција со 2:1 и покрај тоа што на полувреме губеше со 0:1. Дајот Упамекано донесе водство за Франција, но во второто полувреме Боаду со два гола ги однесе „лалињата“ во полуфинале. Победничкиот гол го постигна во 93 минута.

А Шпанија по продолженијата ја елиминира Хрватска со 2:1. Во регуларниот дел беше 1:1. Пуадо донесе водство за Шпанија во 66 минута, а изедначи Иванушец во четвртата минута од судиското продолжение. Со тоа се отиде во продолженија, а таму Пуадо со вториот гол донесе победа за „фуријата“.

Вечерва играат Данска-Германија и Португалија-Италија.

ПретходноУ21 пристигна во Терме Чатеж, никој нема корона, спремни се за дуел со Словенија
СледноУЕФА тим на сезоната: Го нема Роналдо, дури седум играчи од Челзи!