Имери, Адили и Исаевски триумфираа во Купот на Албанија

350

Влазнија е освојувач на Купот на Албанија. Екипата од Скадар го освои пехарот по триумфот над Скендербег со 1:0 во финалето. За Влазнија играат македонските интернационалци, напаѓачот Демир Имери и дефанзивците Мевљан Адили и Александар Исаевски.

За Влазнија ова е седмиот трофеј во Купот на Албанија. Да кажеме и дека тренер на оваа екипа е поранешниот стратег на Шкендија, Томас Брдариќ.

ПретходноПРЕСВРТ: Милан го стави Алиоски на списокот на засилувања!
СледноНеверојатен гол со ножички на португалскиот репрезентативец (видео)