Уште една тажна вест ја погоди ракометната јавност. Почина Ристо Начевски, поранешен македонски ракометен судија и подоцна делегат.
Начевски беше познат македонски судија кој судеше во пар со Марјан Огњановски и со Душко Камишевски, а подоцна стана и делегат.
Последните неколку години не беше активен во ракометниот спорт, но остави свој печат во македонскиот ракомет.
Погребот ќе се изврши денеска (31.05) на градските гробишта Бутел во 12:00 часот.