Она што и се најавуваше и се оствари. Ќатип Османи, еден од нашите најдобри тренери, и Ренова, и во следната сезона ќе соработуваат. Османи потпиша со “гисарите“ едногодишен договор, тој за СПОРТМЕДИА го најави тоа уште минатата недела.
Притоа рече дека од раководството на клубот ќе побара адекватни засилувања, се со цел да не се случи и во следната сезона, како во оваа која штотуку заврши, Ренова да се бори за опстанок и во последен момент да се спасува.
Да потсетиме дека “гипсарите“ во бараж дуелот се спасија од Втора лига буквално во последните секунди кога Шефити против Охрид во 90.минута израмни на 2:2, потоа на пенали. Потоа во пенал – рулетот Ренова успеа да ги совлада Охриѓани и со тоа да се избори и следната сезона да настапува во нашата елитна лига.