Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку е избран за најдобар фудбалер во Серија А за сезоната 2020/21. Интер стигна до шампионската титула и ја прекина долгогодишната доминација на Јувентус, а белгискиот репрезентативец имаше импресивни настапи. Неговиот ефект сезонава што измина е 24 голови и 11 асистенции во 36 одиграни натпревари.
Со вакви бројки нема шанси да не биде прв во севкупниот поредок.
Инаку МВП по позиции во Серија А се: Кристијано Роналдо како најдобар напаѓач, потоа Николо Барела како најдобар играч од средниот ред, Кристијан Ромеро како најдобар дефанзивец, Џанлуиџи Донарума е најдобриот голман.
Најдобар играч под 23 години е голгетерот на Фиорентина, Душан Влаховиќ.