Македонија ги придобива симпатиите пред Европското првенство

1300

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за историскиот настап на Европското првенство. Во составот се приклучија капитенот, Горан Пандев и Аријан Адеми, а се чека позитивни вести од Енис Барди, кој е позитивен на Ковид-19. Фудбалерот на Леванте е во карантин, но најважно е дека се чувствува добро.

Во меѓувреме Македонија ги придобива симпатиите од јавноста, поточно надвор од нашите граници. Покрај Иван Чупиќ, кој јавно кажа дека после Хрватска, ќе навива и за нашата земја, вчера во јавноста се огласи и Александар Чеферин.

Првиот човек на УЕФА, кој е голем пријател на претседателот на ФФМ, Сејдини, не криеше дека неговите симпатии покрај Словенија, одат кон Македонија. Неговата земја нема да биде на ова ЕУРО, па затоа ќе стиска палци за „рисовите“.

„Моите симпатии се кон Македонија“, изјави Чеферин.

Првиот дуел на ЕП, Македонија го игра на 13. јуни пртотив Австрија, четири дена ќе се сретне со Украина, двата дуели се играат во Букурешт. Последната средба од групата ја играме во Амстердам против Холандија на 21. јуни.

ПретходноАгуеро веќе е во Барселона, познати се деталите
СледноСиноќа Лозари го “запалија“ Кавадарци! (ВИДЕО)