На денешната прес конференција пред утрешниот пријателски дуел со Македонија, селекторот на Словенија, Матјаж Кек, не штедеше комплименти за нашата репрезентација и пласманот на ЕП.
„Честитки за Македонија за пласманот на ЕП. Очекувам добар меч, добро се познаваме, играчите добро се знаат меѓу себе. Ова е крај на сезоната. Играме за својата земја и тоа е голема чест за сите нас и обврска да се одигра на победа. Многупати реков дека патот кој го помина Македонија и пласманот на ЕП мене ми е многу драг. Доказ дека и мала земја може да има фудбалска бајка. Македонија е моја симпатија. Знам многу играчи, ова е екипа на која треба многу да се внимава. Секој што ќе ја потцени Македонија може скапо да плати, како Германија пред неколку месеци“, изјави селекторот на Словенија, Матјаж Кек.