На едно коло до крајот, Металург ги реши дилемите околу Европа. Тимот од Автокоманда го совлада директниот конкурент, Бутел Скопје со 36-35 (17-13) и го потврди своето место меѓу екипите кои ќе не претставуваат надвор.
Даниел Дупјачанец со 11 одбрани беше одличен на голот, Хорват со 10 гола беше прв стрелец, Калуѓеровиќ запиша девет, додека Серафимов имаше седум. На другата страна Мојсоски имаше 9 погодоци.
Гостите поведоа со 0-3, но домашниот состав предводен од капитенот Дупјачанец, Хорват, Серафимов и Калуѓеровиќ, поведе 10-8, а потоа со серија од 3-0 дојде на плус четири (14-10) во 23. минута. Оваа предност ја задржа на одморот (17-13).
Само по четири минути игра во втроиот дел, Металург дојде до водство од шест гола (20-16). Бутел Скопје постојано се обидуваше да ги размрда редовите на противникот, на средината на вториот период намали на 26-24. Гостите не успеаја да направат драма во финишот, Металург ја дрежеше позитивата од два гола.
На останатите две средби Вардар го совлада Т.Пролет со 22-28, Е.Пелистер беше подобар од Е.Пелистер 2 (31-23), утре се игра последниот меч од 13. коло, Охрид е домаќин на Струга.