Еден од капитените на нашата репрезентација, Стефан Ристовски, добро се сеќава на поразот од Австрија тука, на домашен терен, и оној дебкал. Го потсети јавноста колку Ристовски беше нервозен, колку го болеше тој пораз.
„Затоа е фудбалот интересен, затоа што ние загубивме од Австрија во Скопје, а потоа ја победивме Германија на гости. Се подготвуваме одлично. Тогаш бев нервозен многу, и мораше да бидам. Јас сум таков карактер не можам да премолчам. Мислам дека такви порази на домашен терен не смеат да ни се случуваат“ – вели Ристовски па додава.
„За утре очекувам добар меч. Нема се путши некој билет повеќе од она што е дозволено, нека се наполни што повеќе стадионот. Потребна ни е подршка секогаш е добро. Дали ја или капитенот Горан Пандев ќе бидеме предводници ќе дознаете утре. Кој и да излезе утре на терен што се однесува до составот значи дека е во првиот тим. На селекторот е да одлучи. Кој и да настапи ќе даде максимум и ќе одигра онака како што треба да Македонија“ – изјави Ристовски.