По се изгледа дека конечно Џејдон Санчо летово ќе ја напушти Борусиај Дортмунд и ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.
Она што се најавува веќе трет преоден рок очигледно дека ќе се случи набргу, барем така објавуваат британските медиуми денеска.
Англискиот интернационалец ги договорил личните услови со тимот од Олд Трафорд, и сега преостанува само двата клуба да се договорат околу отштетата. Првичната цена од 120 милиони веќе не е тема, 90 се сега на масата, а од Јунајтед се надеваат дека можеби ќе „спуштат“ уште некој милион.