0
Играчот за врска на Атлетико Мадрид , Саул Нигес, ќе стори се што е во негова моќ да обезбеди трансфер во Манчестер Јунајтед ова лето. 26-годишниот Шпанец долго време беше трансфер цел на „црвените ѓаволи“, кои исто така се обидоа да го доведат пред една година. За Нигес се заинтересирани и ПСЖ односно Јувентус , кој сепак претпочита да се пресели на Олд Трафорд, тврди Мирор.
Доведувањето на нов играч за врска е еден од приоритетите на Солскјер за ова лето, кога се очекува да заминат Немања Матиќ и Хуан Мата. Иднината на Пол Погба е исто така неизвесна, а Норвежанецот нема голема доверба во Дони Ван Дер Бек .
Атлетико бара на Нигес околу 40 милиони фунти.