Сите прават журки, ама Лозари со лекција за сите навивачи! (ФОТО)

1993

ФАНТАСТИЧНО. Нешто што досега реално го немало кај нас. Она што фановите на Тиквеш, Лозарите, го направи синоќа е за восхит. Да, буквално го запалија Кавадарци и тоа по повод својот 30-ти роденден и по повод пласманот на нивниот омилен тим.

Може секој да каже, да се пофали, но реално она што се случи во Кавадарци едноставно досега во Македонија го немаме видено. Таков огномет досега сме немале видено.

Да, сите си прават журки, но само Лозарите синоќа со лекција за сите останати навивачки групи. Само тие знаат како.

Можеби не се најбројни, но од она што вчера се виде веројатно во моментов се нашата најдобра, најорганизирана навивачка група.

Тиквеш и Кавадарци има на што да бидат горди.

Она што Лозарите го направија сега треба да биде цел која сите останати треба да ја достигнат.

БРАВО ЛОЗАРИ… и среќен роденден.

ПретходноИН МЕМОРИАМ: Почина Ристо Начевски
СледноЌе се загреваме со Словенија (ФОТО)