Тимовски на пат за Шкендија

1169

Ангелче Тимовски многу веројатно ќе биде првото засилување за актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија.

Офанзивниот бек, го одигра своето во Силекс, затоа што тимот одсега ќе биде вотролигаш, а екс Македонскиот младински репрезентативец е квалитет за најдобрите екипи во нашата лига.

Па така, Спортмедиа дознава дека Тимовски и Шкендија се веќе на интензивна комуникација, и прашање на време е само кога ќе падне конечниот договор.

Шкендија е нашиот престатвник во квалификациите за Лигата на Шампионите ова лето, и засилувањата се приоритет.

 

ПретходноВидеолотарија касинос Австрија со донација од 1.167.391 денари придонесе за модерно, инклузивно детско игралиште
СледноОФИЦИЈАЛНО: Барса го потврди Кун Агуеро, промоција вечерва од 19 часот!