Мартин Томовски блеска оваа сезона на голот на Лудвигсхафен. Вчера неговиот тим славеше против Балинген со 27-22 и тоа благодарение на репрезентативниот голман, кој запиша 17 интервенции, четири од нив од седум метри.
Ова беше меч клучен во трката за опстанок во германската ракометна елита.
По феномелната партија Томовски се најде во тимот на колото во Бундеслига, втор пат оваа сезона.