Фелипе Сад: Канте ми се извини за подарокот

267

Нголо Канте не престанува да биде центар на внимание на светската јавност. Играчот на Челзи одигра маестрално финале во Лигата на Шампионите, за сега веќе Европскиот првак и е на врвот на својата слава во моментов. Она што веројатно на Канте најмалку му годи. Да биде во центарот на вниманието.

Сега сите сакаат да „ископаат“ што по ексклузивна приказна за Французинот чија фудбалска сторија е како на филм.

Од чистач на улици, преку аматерски фудбал, па се до Каен, Лестер, Челзи и Европскиот трон.

Некогашниот негов соиграч од времето на Каен, Фелипе Сад, раскажа еден момент кој кај него оставил најголем влечаток кога е во прашање Канте.

„Го повикав на роденден, и тој се појави во ресторанот навистина посрамотено. Кога го прашав што му е, тој ми подаде кутија чоколада, и ми рече дека не знаел едноставно што друго да ми подари, затоа што никогаш и не бил повикан на роденденска забава“ – изјави Сад.

 

ПретходноГо имаме „шампионот“ на годината
СледноКопа Америка не се игра во Аргентина