Ништо “специјално“ од нашиот табор. Подготовките изминуваат во најдобар ред, се работи жестоко, сите сакаат да бидат во топ – форма на ЕВРО и сите со нетрпение го чекаат деби настапот против Австрија на 13 јуни. Се чека на Барди, а во меѓувреме се одработува се она што е “сервирано“ од стручниот штаб.
Утринскиот тренинг послужи и како “генералка“ за утрешниот тест со Словенија, кој се игра на Арената во Скопје со почеток од 18 часот. Тоа ќе биде загревање за тоа што ќе се случува во Букурешт и Амстердам.