Глигоријевиќ и Ѓорѓиевски продолжуваат со Куманово

691

Куманово денеска потврди дека го продолжи договорот со центарот Стеван Глигоријевиќ. Тој ќе остане во дресот на Куманово уште една година.

Глигоријевиќ лани се пресели во синиот дрес на кумановци од екипата на Работнички и оствари солидна сезона. 24-годишниот кошаркар треба да има уште позначајна улога во екипата следната сезона.

Од клубот потврдија дека и следната сезона на клупата на Куманово ќе биде тренерот Игор Ѓорѓиевски со кого исто така е продолжен договорот.

ПретходноТриумфално враќање на Федерер во Париз
СледноНикој како Абрамович: 14 тренери, 17 титули и една цел – најдобра академија