КОНМЕБОЛ: Бразил е новиот домаќин на Копа Америка 2021!

462

Бразил е новата земја домаќин на Копа Америка 2021. По итниот состанок одржан денеска, КОНМЕБОЛ одлучи да го пренесе турнирот, кој првично требаше да се одржи во Колумбија и Аргентина во Бразил.

Експертизата за организацијата на последното издание на Копа Америка во 2019 година  отиде во полза на Бразил. Покрај тоа, друг аргумент кој се користеше во добивањето на организацијата беше фактот дека земјата има повеќе стадиони во добра состојба за одржување на натпреварите.

Според конфедерацијата, датумите на почетокот и завршувањето на турнирот се потврдени – 11 јуни и 10 јули. Градовите домаќини и шемата за натпревари ќе бидат потврдени „во следните неколку часа“. Финалето веројатно ќе се игра во Рио.

ПретходноБаскет КАМ доби покана за учество во европската WABA лига
СледноПане Блажевски ќе го води Тиквеш во Прва лига!