Салата „Јане Сандански“ од утре ќе добие нов сопственик. Македонскиот олимписки комитет тивко се вселува во „вулканот“, во кој во изминатите години благодарение на Сергеј Самсоненко уживаше во најубавите ракометни денови. Ова беше место низ кое поминаа бројни ѕвезди, место на кое беа испишани најубавите моменти.
МОК во свои раце, без пот, зема инвестиција која е вредна околу 17 милиони евра. Во некое друго време токму оваа институција можеби ќе најдеше начин, заедно со останатите да го спаси ФК Вардар, но таму приказната е поинаква за нив.
За ФК Вардар треба да се вложи, а комплексот „Јане Сандански“ е изграден, модерен…тука не треба вложување, тука само останува МОК да се погрижи да најде служби кои ќе ги сместат.
Салата „Јане Сандански“ во рацете на МОК ќе биде во следните 30 години.