Младите репрезентативци пристигнаа во Терме Чатеж, Словенија и го одработија денешниот тренинг. Избраниците на Благоја Милевски на 3 јуни ќе одиграа пријателски натпревар со соодветната селекција на Словенија. Се помина како што треба, нема повредени играчи, нема заразени со корона вирус, па Милевски може да смета на сите расположиви сили.
Maкедонскиот селектор преку тренинзите провери многу фудбалери, а во четврток ќе ги види и на дело. Со тоа веќе ќе има појасна слика околу составот за престојните квалификации за У21 репрезентациите.