На десет дена до официјалниот почеток на Европскиот фудбалски шампионат, на кој секако учевствува и Македонија, одбројувањето започна токму со нас. Со Македонија и со нејзината „десетка“, капитенот Горан „Гранде“ Пандев.
Официјалниот сајт на УЕФА како најава за она што претстои ќе ги искористи сите варијанти и можности да не испоромовира максимално.
Ние сме дебитанти за прв пат ќе се појавиме на едно вакво големо натпреварување, и секако дека сме и интересни за пошироката фудбалска јавност.
Македонската репрезентација во моментов се подготвува во Скопје, вечерва го играме првиот од двата закажани пријателски мечеви на домашен терен против Словенија, а на ЕП стартуваме во Букурешт против Австрија на 13 јуни.