Словенија без Јан Облак против Македонија

299

Македонската фудбалска репрезентација денеска (18 часо) на националната Арена „Тодор Проески“ го игра првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за ЕУРО 2020. Противник на избраниците на селекторот, Игор Ангеловски е Словенија, репрезентација која не завери место на континенталното натпреварување.

Од таборот на овој национален тим доаѓаат информации дека на голот нема да биде Јан Облак. Чуварот на мрежата на Атлетико веќе подолго време има здравствени проблеми, па токму затоа нема да се најде во составот на Матјаж Кек.

„Проблемите се составен дел од фудбалот. Затоа има и други кои ќе добијат шанса на оние кои нема да можат да играат “, потенцира Кек.

Денеска на насловната страница на „екипа.си“ излезе интересен наслов: Кај бевме и кај сакаме да бидеме.  Ова се однесува на претстојното ЕП, кое овој пат ќе го прескокнат, а токму Македонија ќе биде учесник.


ФОТО: Јан Облак/Твитер

ПретходноТинејџерската спринтерска сензација го сруши рекордот на Усаин Болт (ВИДЕО)
СледноИ официјално: Холандија без првиот голман на ЕУРО