Чеферин: Велат Суперлигата се уште постои и два дена подоцна ми праќаат пријава за настап во Лигата на шампиони!?

262

Изјавите и препукувањата на тема: Суперлига не престануваат. Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за „Телеграф“ уште еднаш потенцираше дека затегнатите односи со трите клуба кои се уште веруваат во проектот Суперлига продолжуваат.

„Дури и најбезмислените луѓе во светот разбраа дека Суперлигата е готова. Реал, барселона и Јувентус се уште не се повлекоа, а сега тие ни се закануваат, ни испраќаат писма во кои велат дека ќе не тужат. Очигледно, имаат премногу пари. Навистина не можам да ги разберам. Излегоа со соопштенија дека Суперлигата сè уште постои, ние сè уште имаме Супер лига, а два дена потоа ни испраќаат барање да играат во Лигата на шампионите“, вели Чеферин.

Словенецот на оваа тема додава: „Од овој аспект излегува дека тие се дел од Суперлигата, бегаат од Лигата на шампионите, но, сепак, сакаат да бидат во Лигата на шампионите? Нели рекоа дека Лигата на шампионите е завршена приказна, а сега сакаат да играат во неа“.

ПретходноФФМ: Според протоколите на УЕФА не смееме да организираме никакви приеми на репрезентативците
СледноВечерва со Словенија ќе ја одиграме првата “генералка“ пред ЕП, се оди на победа…