Ангеловски: Некои работи мора да ги поправиме, на ЕП не смее да има грешки!

478

Македонија одигра 1:1 против Словенија во првиот контролен тест пред настап на ЕП 2020. „Рисовите“ водеа се до последните секунди од мечот и потоа му дозволија на противникот да изедначи. Селекторот на Македонија Игор Ангеловски ги пофали момците за одиграното второ полувреме, но додава дека ќе мора да се поправат некои работи затоа што на ЕП не смее да има грешки.

Прво, благодарност до навивачите и за поддршката. И искрено, жал ми е што не победивме. Задоволен сум од целото второ полувреме се до примениот гол. Издоминиравме во текот на целото второ полувреме и мораше да постигнеме втор гол и да си ја завршиме работата. Им дадов шанса на повеќе фудбалери што е нормално затоа што е пријателски меч.

Во првото полувреме многу грешевме, но во второто беше супер. Го оддалечивме противникот од нашиот гол и направивме многу шанси и полушанси. Мислам дека ќе бидеме подготвени за она што ни следува.

Словенија и Австрија се соседи и играат иста формација. Што се вели, ја одглумија Австрија и им благодарам на тоа. Има време до почетокот на ЕП, а оние пропусти што ги направивме денес ќе мора да ги поправиме. На ЕП не смее да има грешки“, вели Ангеловски.

Му благодарам на Кек за комплиментите кои ги кажа за нас. Ние сме добри пријатели, заедно игравме еден против друг на времето. Во моментов мораме да останеме скромни и сконцентрирани за тоа што ни следува. Со Пандев беше договорено да одигра 70 минути и се е ОК со него, додека Буба Хасани е на снимање на носот. Ќе видиме што ќе кажат лекарите“, додаде нашиот селектор.

ПретходноКек: Maкедонија има огромен квалитет, нема да биде турист на ЕП!
СледноПобеда за Џамбо, Охрид го доби езерското дерби