Стефан Ашковски би можел да ја смени средината во Романија, откако романските медиуми пишуваат дека Рапид Букурешт му нуди на македонскиот фудбалер договор во овој клуб.
Македонецот во моментов е дел од Ботошани, меѓутоа тешко дека ќе ја прифати понудата од страна на Рапид, кој нуди нешто помалку, но преговорите се во тек и може работите да се сменат.
Ашковски е повремен македонски репрезентативец, но не се најде на списокот на Ангеловски за ЕВРО.