Бадел 1862 го потврди учеството во женската Јадранска лига

164

Екипата на ЖКК Бадел 1862 го потврди своето учество во Јадранската WABA лига за сезоната 2021/2022.

„Учеството во ова регионално натпреварување ќе претставува дополнителна можност за младиот тим на вицешампионот за докажување на меѓународен план во натпреварите против реномирани екипи од калибарот на ЖКК Будуќност Бемакс, Берое, Цинкарна Цеље, Монтана, …“, се вели во соопштението од клубот.

Настапот во ова силно натпреварување ќе треба да резултира со подигнување на квалитетот на домашната женска кошарка и секако популаризација на кошарката кај помладите девојчиња.

фото: КФСМ

ПретходноПерез го враќа Анчелоти на клупата на Реал?
СледноВашингтон се спаси од експресна елиминација, Јута на чекор до втората рунда (ВИДЕО)