Кошаркарите на Вашингтон Визардс ја совладаа Филаделфија со 122:114 и успеаја да се спасат од брза елиминација во првиот круг од плеј-офот во НБА лигата. По стартните 3-0 во партии за Филаделфија, ова беше прва победа за Визардс.
Клучниот момент на мечот беше завршницата на првата четвртина кога Филаделфија остана без извонредниот Жоел Ембид, најкорисниот играч во НБА, кој го напушти теренот поради болка во десното колено. Тогаш Филаделфија ја потроши предноста и мораше да се откаже од идејата за експресен пласман во второто коло од плеј-офо.
Бредли Бил беше лидер на Вашингтон со 27 поени, додека Расел Вестбрук заврши со нов трипл-дабл од 19 поени, 21 скок и 14 асистенции, што е веќе негов 12-ти „трипл-дабл“ во плејофот.
На вториот натпревар синоќа, кошаркарите на Јута го совладаа Мемфис со 120:113 и поведоа со 3:1 во серијата. Најрасположен за игра беше Донован Мичел, кој придонесе со 30 поени во победата на Јута.