Добри сме, но не е се идеално! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

941

Македонија – Словенија 1:1 на првиот тест во пресрет на ЕВРО 2020, каде што ние на 13 јуни ќе го одиграме првиот меч со Австрија.

И ако се направи некоја првична анализа, мора да се каже дека сме добри, но има некои работи кои треба да се поправат. Значи не е се идеално.

Импонираше борбеноста, импонираше залагањето на момците кои “носени“ од осум илјадната публика понекогаш и во преголема желба да направат што повеќе, грешеа.

Генерално може да бидеме задоволни, посебно ако не беше таа фамозна 97.минута кога примивме гол за конечни 1:1, кога Словенија ни ја “украде“ победата.

На крај само како прекрасно беше да си на Арената, за да се види во живо таа поддршка од фановите до нашите “рисови“.

Дефинитивно, кога се игра пред публика се е поинаку.

ПретходноКаква грешка со Адеми: Игравме две минути со играч помалку!
СледноСписокот на Холандија за ЕП 2020: Без Силесен и Ван Дајк, а со двајца дебитанти!