Надежите на А. Пандев одиграа 1:1 против Партизан!

673

Младинскиот состав на Академија Пандев денеска ги одигра првиот меч од меѓународниот турнир “Куп на пријателство“, кој се одржува во Златибор (Србија). Ривал на младите струмуичани им беше младинскиот состав на Партизан, а мечот заврши без победник 1:1.

Добра игра на нашиот тим, посебно во првиот дел кога А. Пандев водеше со 1:0, и тоа со голот на Крстевски во 33.минута, но во вториот дел Партизан успеа да постигне гол и да ги постави конечните 1:1. Стрелец беше Стјепановиќ во 43.минута.

Во вториот натпревар, надежите на А. Пандев се среќаваат со тимот на Сараево.

ПретходноГолемо признание за Томовски, Бундес-лига со смести во тимот на месецот
СледноМојсовски се пофали: Ги бодриме фудбалерите со поштенска марка – Република Северна Македонија