Откако вчера Кун Агуеро и официјално стана ново засилување за Барселона, утрово од клубот го потврдија враќањето и на младиот Ерик Гарсија. Денеска Барселона и Гарсија ќе потпишат договор за следните пет сезони, до 2025/26, во кој ќе има клаузула за откуп од 400 милиони евра.
Ерик Гарсија пристигнува како слободен агент, откако го заврши договорот со Манчестер Сити и ќе биде претставен денеска на „Камп Ноу“.
Откако ќе биде потврдено неговото потпишување со Барса, Ерик Гарсија утре патува за Мадрид за да се приклучи во репрезентацијата која се подготвува за ЕП.