Реал (М) е во итна постапка за обезбедување на ново тренерско име, откако Зинедин Зидан реши да го напушти клубот ова лето. „Кралевите“размислуваат за неколку имиња, но според пишувањата на шпанските медиуми сега менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти е фаворитот на претседателот на клубот, Флорентино Перез.
Анчелоти го водеше Реал меѓу 2013 и 2015 година. Со него на чело, „кралскиот клуб“ ги освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Купот на Шпанија. Ако Италијанецот не успее да се договори за враќање на „Бернабеу“, Перез како потенцијални наследници на Зидан ги има и имињата на Маурисио Покетино и Антонио Конте.