Охрид го одигра својот прв натпревар без Никола Даниловски, кој почина на 24 години. Ракометарите на овој тим триумфот над Струга во езерското дерби го посветија на својот соиграч и голем пријател, кој секогаш ќе остане во нивните срца, славеа со 21-20 (14-10).
Победата беше очекувана, противникот веќе неколку средби игра без странците во составот. Охриѓани на полувремето водеа со 14-10, скршени од болка по загубата на својот соиграч, играа колку што можат, на крајот ја исполнија целта излегоа како победници од овој дуел, кој беше последен од 13. коло во плеј-офот.
Николов имаше пет гола, Соколов четири кај домаќинот, Крстаноски, Јанкуловски и Цветаноски на другата страна имаа по четири гола.