ПОЛУВРЕМЕ: Нема голови, има многу „жестоки“ дуели и неколку шанси

229

Нема голови на „Арената“ по првиот дел меѓу Македонија и Словенија. И двата тима се менуваа во нападите, а најдобрата шанса ја имаше Иличиќ во 11. минута од средбата кога шутираше за малку крај голот.

Иличиќ беше најопасниот играч на Словенија кој правеше проблеми, а своја шанса имаше и Пандев кој во 35. минута по центаршут на Алиоски шутираше крај голот.

Инаку дуелот изобилува со многу дуели на средината на теренот, многу стартови и од едната и од другата страна.

Во 22. минута спорен момент кога Бејтулаи под закана за прекршок во сопствениот шеснаесетник, но пенал не беше досуден.

ПретходноАшковски има понуда од Рапид Букурешт
СледноМакедонија води – Елмас ја „матираше“ Словенија (ВИДЕО)