Постигнат е договор: Анчелоти е нов тренер на Реал Мадрид

352

Зинедин Зидан неодамна го напушти Реал Мадрид, а Флорентино Пререз се чини брзо најде замена. Италијанскиот стручњак, Карлос Анчелоти ќе го предводи „кралскиот“ тим, се чека само официјална потврда.

Иако има договор со Евертон, сепак Реал е подготвен да му плати на премиер-лигашот, тврдат новинари од Шпанија.

Искусниот италијански стручњак се враќа на клупата на Реал Мадрид по шест години, овој тим го предводеше во периодот од 2013 до 2015 година, ја освои Лигата на шампиони, Купот на Кралот, Супер-Купот и светското клупско првенство.

ФОТО: Карлос Анчелоти/Твитер

ПретходноРедовно си ја победуваме Словенија, Дијамантот “царуваше“ на последниот дуел!
СледноСтартни состави: Облак, сепак, ќе ја брани Словенија, Бејтулаи во одбраната на Македонија